(ВИДЕО) Украина: Русија изврши ракетен напад врз станбени згради и училиште во Суми

Од:

Русија изврши ракетен напад врз северниот украински град Суми, потврдија локалните власти. Украинските медиуми јавуваат дека има загинати и повредени лица.

Володимир Артјух, шеф на регионалната управа на Суми, објави видео од местото на нападот, наведувајќи дека се оштетени неколку станбени згради и едно училиште.

Додека во позадина се слушаат експлозии, Артјух истакнува дека децата не се повредени бидејќи во моментот на нападот биле во засолниште.

На други снимки објавени од регионалната администрација се гледаат оштетени згради и чад што излегува од становите.

Би можело да ве интересира

Германија и купува ракетни системи „Патриот“ на Украина

Горан Наумовски

Песков: Сè уште чекаме на преговори со Киев

Кина: Не сакаме Русија да ја изгуби војната во Украина

Руски пилот осуден на 12 години затвор за предавство и финансирање на украинската војска

Кличко: Бројот на повредени во нападот во Киев се искачи на 23

(ВИДЕО) Хаос во Русија, полицијата мораше да пука, има мртви и ранети

Горан Наумовски