Разговор на Шерман со европските сојузници за кризата околу Украина

Од:

Заменик-државната секретарка на САД Венди Шерман денеска дискутираше со заменик-генералниот секретар на НАТО Мирчеа Јоана, секретарот за европска надворешна акција Стефано Санино, полскиот заменик министер за надворешни работи Марчин Прсидас, како и генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Шмит.

-Учесниците дискутираа за неиспровоцираното воено распоредување на границата со Украина, продолжениот ангажман на НАТО, ОБСЕ и ЕУ и нашите координирани подготовки за секој случај. Вклучувајќи ги постоечките заложби за дипломатија укажани на 8 февруари во Виена за обновен европски дијалог за безбедност, јави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Сите се сложиле за важноста од продолжителна тесна координација со цел Русија да се убеди да избере дипломатија и да презеде конкретни чекори за деескалација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина