Група од 17 курдски бунтовници била разбиена од турските безбедносни сили во градот Силван, во округот Дијарбекир, каде денеска стапи во сила полициски час.
Безбедносните сили спровеле антитерористичка операција во реонот, откако вчера борци на Курдската работничка партија (ПКК) убија двајца турски војници.
Во Силван се испратени специјални единици, како и снајперисти, кои со помош на воени хеликоптери извршуваат операција за расчистување на реонот од терористи.
Во операцијата досега е разбиена група од 17 лица. Од време на време во регионот има судири меѓу безбедносните сили и припадниците на ПКК.