Рауков: Руските платеници планирале терористички акти во Белорусија

Од:

Државниот секретар на белорускиот Совет за безбедност, Андреј Рауков денеска изјави дека уапсените руски платеници планирале терористички акти во земјата.

Тој додаде дека повеќе од 200 руски платеници се уште се наоѓаат во Белорусија, а безбедносните сили трагаат по нив.

Белоруската новинска агенција БЕЛТА вчера објави дека се уапсени 33 руски државјани под сомнение дека се припадници на руската група приватни воени платеници „Вагнер“.

Амбасадорот на Русија во Белорусија истакна дека е повикан на разговор во Министерството за надворешни работи во Минск, откако повеќе од 30 руски државјани беа уапсени под сомнение дека се платеници.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски