Расте бројот на жртвите од свлечиштата во Калифорнија

Од:

Бројот на жртвите од свлечиштата предизвикани од зимската бура во Калифорнија порасна на 17 лица откако беа пронајдени две нови тела, а уште 13 лица се водат како исчезнати.

Шерифот на округот Санта Барбара, Бил Браун, истакна дека свлечиштата уништиле 100 семејни куќи.

Во понеделникот беше издаден налог за евакуација на жителите откако метеролозите прогнозираа поместување на земјиштето на местата каде што досега беснееја најголемите пожари во Калифорнија, минатиот месец.

Првата поголема бура оваа сезона донесе силни ветрови во Калифорнија и бурно невреме, а на некои места беа регистрирани и рекордни дождови.

Метеролозите издадоа предупредување за поплави и прогнозираа дека студениот бран проследен со силни ветрови би можел во Лос Анџелес да донесе поголема количина дожд отколку што паѓаше вкупно во изминатите десет месеци.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски