Расте бројот на загинати во земјотресот во Индонезија

Од:

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес и цунами кои го погодија индонезискиот остров Сулавеси се зголеми на 1.944 жртви, соопштија денеска локалните власти.

Повеќето жртви се од најпогодениот град Палу, соопшти претставник на Агенцијата за вонредни ситуации.

Портпаролот на Агенцијата Сутопо Пурво Нугрохо вчера изјави дека се стравува оти голем број жртви се уште се под урнатините во погодените области.

Локалните власти вчера соопштија дека околу 5.000 луѓе се уште се сметаат за исчезнати, од кои најмногу се од градот Палу кој беше најсилно погоден од земјотресот и цунамито на крајот од минатиот месец.

Агенцијата за вонредни ситуации вчера исто така соопшти дека индонезиските спасувачи во четврток ќе ја прекинаат потрагата по жртви.

Катастрофалниот земјотрес и цунами го погодија островот Сулавеси на 28 септември.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници