Расте бројот на напади на ајкули на Реунион

Од:

Од пред четири години, францускиот остров во Индискиот Океан, Реунион е место на серија напади на ајкули, во кои животите ги загубија седум лица, јави дописникот на МИА од Париз.

Последната жртва на нападот на ајкулите беше 13-годишен сурфер, кој го загуби животот практикувајќи го спортот чиј шампопн беше во текот на 2013 година.

Реунион се до пред четири години важеше за „рај“ за сурферите и барем засега нема логично објаснување зошто ајкулите се појавија и се толку многу агресивни. Од 2011 година се забележани 12 напади од кои седум со смртоносни последици.

По последниот напад, за кој е обвинета ајкула од видот булдог голема 2,5 метри, пред префектурата на Реунион се собраа да протестираат околу двеста лица кои истурија црвена боја поради „неактивноста на државата“.

На плажите на Реунион, каде до пред четири години сурфаа туристи од целиот свет, сега стојат знаци на кои пишува „Ризик од присуство на Ајкули, Забрането капење и сурфање“.

Во јануари 2012 година, Институот за развој и научни испитувања запчна научно испитување за екологијата и животрната средина на двата видови ајкули кои живеат на западниот брег од Реунион. Се досега се знаеше многу малку за однесувањето и начинот на живеење на ајкулата-тигар (Galeocerdo cuvier) и ајкулата булдог (Carcharhinus leucas).

За три години научниците маркираа 40 примероци од првиот вид и 39 од вториот тип со акустични маркери кои овозможија да бидат следени од мрежата на 52 станици на брегот. Некои од нив се опремени со сателитски маркери за следење, а беа уловени и неколку примероци за испитување.

Реунион 2

Вината за нападите, набрзо се концентрира врз ајкулата булдог, која е одговорна за речиси сите напади на брегот од островот. Навиките, движењето, генетиката и содржината на стомакот на повеќе од овие ајкули беа проучени детално, со што ова е една од најголемите студии во светот посветеи на овај вид на ајкули.

Поледната жртва на ајкулите беше убиена наутро, додека испитувањата покажаа дека ајкулите булдози се приближуваат кон брегот на почетокот од попладнето и испливуваат на повиршината во вечерните часови за лов. За само четири дена ајкула може да направи круг околу островот или пак да се оддалечи на отворен океан за 300 километри, понекогаш заедно со друг припадник на својата врста.

Жителите на островот самите забележале дека ајкулите се појавуваа во матна вода или кога има големи бранови или по држдливо време. Анализата на прислушните станици го потврди ова. Според биолозите, недостигот на храна ги наведува ајкулите да се приближат до коралната бариера каде ловат риби. Исто така, тие се привлечени и од крајбрежните води богати со отпадоци.

Ајкулата булдог се размножува во крајбрежните води на островот меѓу март и јуни кога морето е поразбранувано. Тие се поприсудни на западниот брег на Реунион, на плажите на Сант Жил и Етанг ди Гол, каде се парат.

Со оглед на заклучоците на научниците, не постои едноставно решение за заштита од толку многу мобилен предатот.

Последните години, државните служби и локалните власти кои живеат од туризмот, се одлучија за забрана на сите наутички активности кои го користат погонот на брановите на 300 метри околу островот, откако една 15-годишна девојка беше убиена на неколку метри од плажата во Сант Пол. Оваа мерка е се уште во сила и со неа се запознаваат и патниците на авионите кога слетуваат на аеродромот на Реунион.

Но, и покрај паричните казни за непослушните, сурферите продолжуваат и натаму да го практикувата нивниот спорт, по цена и на животот.

Реунион 3

Капењето е дозволено само во лагуните, природно заштитетни од бариерата на коралите и на неколку заштитени плажи со мрежи.

Под притисок на туристичките работници, јавните власти размислуваат за комбинирана заштита на плажите и водите, со камери, стражари, мрежи и електронска опрема.

Еколозите од своја страна нагласуваат дека убивањето на ајкулите не е решение, тие сметаат дека е потребно подобра заштита односно пречистување на водите кои се фрлаат во морето и кои очигледно ги привлекуваат ајкулите

Од претходно предвидентите 20 уловени ајкули за проучување во 2012, властите дозволија улов на вкупно 90 примероци, по 45 од секој вид, но никој не знае колку ги има околу островот. За причината за нападите неколку години по нивниот почеток и испитувањата денес не се знае многу повеќе, а некои со прст го покажуваат подводниот заштитетн природен парк од 3.500 хектари создаден во 2007 година.

Во меѓувреме на островот е создадена психоза слична како во филмот „Ајкула“. Бројот на туристите се намалува, но за среќа островот Реунион не го има само океанот и плажите како адут во туристичката понуда, тука се и планините и се уште активниот вулкан „Питон де Фурнез“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жена позираше опкружена со ајкули: „Ние не сме нивниот главен извор на храна“

Предраг Петровиќ

Ајкули на кокаин: Истражувачите од Флорида наидуваат на чудно однесување на морските предатори

Предраг Петровиќ

Околу 50 ајкули се регистрирани во близина на позната плажа: Градските власти распоредуваат дронови

ВИДЕО: Ајкули пливаат низ улиците на Флорида

А1он

Ајкула доби потомство иако живее во базен само со женки

Ана Ололовска

Австралија: Осма жртва на напад на ајкули оваа година