Раст на заразени од коронавирусот во Франција – 4.586 нови случаи за 24 часа

Од:

Во Франција и натаму има тренд на раст на позитивната стапка на тестови за откривање на коронавирусот. Во изминатите 24 часа се регистрирани 4.586 нови случаи, се вели во дневното соопштение на Генералниот директорат за здравство.

Претходниот ден беа откриени 4.771 случаи или за една недела вкупно 20.482 случаи.

Во изминатите 24 часа во Франција починале 23 лица од Ковид-19, со што вкупниот број на жртви изнесува 30.503 лица.

На територијата на Франција се уште се активни 430 кластери, од кои 44 се нови, појавени во последните 24 часа. Меѓу 12 и 18 август се извршени 700. 051 тестови, а позитивни се покажале 3,4 отсто, бројка што нагло се зголеми за неколку дена.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата