Раст на хакерски напади врз „критична инфраструктура“ во Германија

Од:

Во Германија е регистрирано зголемување на бројот на хакерски напади врз т.н. „критична инфраструктура“ како електроенергетски мрежи и дистрибутери на вода, објави весникот Велт ам Зонтаг.

Според федералната агенција за кибербезбедност, Германија регистрирала 157 хакерски напади врз компании од критичната инфраструктура во втората половина од 2018 година во споредба со 145 напади за целата 2017 година.

Властите се сомневаат дека зад нападите стојат странски разузнавачки служби.

Во моментот Германија се обидува како да ги заштити мобилните мрежи од петта генерација и дали да исклучи продукти на кинескиот Хуавеи заради сомневања дека може да ја користат нивната техника за шпионажа. Од Хуавеи негираат какви било сомневања.

 

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија