„Распродажба“ на „Амазон“: Се за по едно пени

Од:

Поради техничка грешка на страницата за интернет продажба „Амазон“, неколку стотици предмети биле продадени по цена од само едно пени, што на продавачите може да им нанесе штета од неколку стотици илјади фунти.

За време на „распродажбата“ за апсурдна цена од едно пени купувачите можеле да набават мебел, облека и разни други производи, што тие великодушно го искористиле се додека не бил откриен дефектот и продавањето не било запрено.

Техничарите утврдиле дека за ваквиот пропуст е одговорна алатката Репрајсер Екпсрес, која „Амазон“ ја користи за автоматска корекција и промена на цените на производите.

Од „распродажбата“ најголема штета претпеле помалите компании, чии спственици стравуваат дека би можеле да пропаднат доколку мораат да ги испорачаат нарачките.

– Кога видов што се случува веднаш побарав од „Амазон“ да ги запре испораките, но продажбата на моите производи по цена од едно пени продолжи на натаму, изјави Џудит Блекфорд од компанијата „Кидиманија“, која додава дека поради техничката грешка претрпела загуба до 20.000 фунти.

Би можело да ве интересира

Хаос во најава: Вработените во Амазон ќе штрајкуваат на црн петок

A1on

Поглавар од Амазон: Реките пресушуваат, температурите се високи и има малку дожд

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на амазонската прашума

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, ќе отпушти 1.200 вработени

А1он

Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници