Расплакан Тинтин како симбол на солидарноста

Од:

Расплаканиот Тинтин, лик од стриповите, многу брзо стана симбол на солидарност по хаосот предизвикан од терористичките напади во Брисел.

Корисниците на социјалните мрежи Твитер, Инстаграм, Фејсбук и други ја споделуваат сликата на црвенокосиот репортер во мантил со неговото куче Сноуи, кои изгледаат тажно и шокирано.

Некои цртачи ги прикажаа ликовите од стрип серијата „Авантурите на Тинтин“ крвави и ранети.

Тинтин е создаден од белгискиот карикатурист по име Жорж Реми, кој пишувал под псевдонимот Ерже, а ги објавил „Авантурите на Тинтин“ во 1929 година. Серијата го следи Тинтин, младиот белгиски новинар-истражувач кој, заедно со неговото куче, Сноуи, секогаш ја спасува ситуацијата. Иако ликот беше засакан во целиот свет, но беше создаден во мала по територија земја, тој долго време се сметаше за национален симбол и (иако измислен) херој. На крајот, стрип серијата беше една од најпопуларните европски стрипови на 20-от век, а е објавена на повеќе од 70 јазици со продажба од повеќе од 200 милиони примероци.

Логично е дека во најмрачните момент на земјата, тој ќе се појави како симбол на жалост, но и како симбол на надеж и гордост.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски