Расмусен остро го осуди нападот врз амбасадата на САД во Анкара

Од:

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен остро го осуди вчерашниот напад, извршен од бомбаш-самоубиец врз амбасадата на САД во турската престолнина Анкара.

– Станува збор за еден срамен напад врз зградата на дипломатската мисија на една земја од Алијансата, извршен на територијата на друга земја од НАТО, истакна генералниот секретар во писмена изјава.

Според него, таквиот напад покажува безобѕирност кон човечките животи и неповредливост на дипломатскиот персонал.

– Нема оправдување за таквиот чин на насилство. Тероризмот во сите видови не смеее да биде никогаш толериран, заклучи Расмусен, изразувајќи солидарност со владите на Турција и на САД.

Во нападот на бомбаш-самоубиец на влезот во амбасадата на САД во Анкара вчера загинаа две лица, напаѓачот и припадник на обезбедувањето, додека една жена е тешко повредена.

Во меѓувреме, американскиот Стејт департмент истакна дека мерките за безбедност околу амбасадата на САД во Анкара попречиле да има многу повеќе жртви во вчерашниот терористички напад.

Портпаролот на Стејт департментот Викторија Њуланд истакна дека благодарение на нивото на заштита на дипломатската мисија во Анкара, немало повеќе убиени и ранети. Таа повтори дека САД најкатегорично го осудуваат самоубиствениот напад.

Според Њуланд, американската амбасада во Турција во последните десет години презела мерки за зголемување на безбедноста, главно преку создавање на надворешен периметар за контрола на посетителите.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО