Расчистување на вселената

Од:

Како Пентагон планира да го исчисти вселенскиот отпад од нефункционални сателити за рециклирање

На ова веќе му е даден насловенот „ограбување на вселенските гробишта“, но не е толку застрашувачко како што навестува самиот наслов.

Ќе се пребира по нефункционалните комуникациски сателити заради нивните вредни делови и ќе се рециклираат за да се намали цената за изградба на нови, во најновиот еколошки проект од крилото на Пентагон за истражувања.

Кога сателитите ќе заминат во пензија, извесни делови, како антени и соларни панели, често сеуште работат – но сепак не постои навика да се растурат и делови од сателитите повторно да се употребат откако за првпат ќе се лансираат во вселената.

vselena

Проектот на Агенцијата за одбрана за напредни истражувања (Дарпа) одвои 180 милиони долари за тестирање на технологии кои ќе го озвоможат ова, и сметаат дека можат да заштедат пари со нивно повторно враќање во функција во орбитата.

Во основа се обидуваме да го зголемиме враќањето на инвестициите и да се обидеме да пронајдеме начин навистина да ја смениме економичноста, па така да ги намалиме трошоците за воените вселенски мисии, рече портпарол во агенцијата.

Работата на програмата „Феникс“ на Дарпа – именувана по митската птица која повторно се издигнала од својот пепел – започна. Агенцијата потпиша договори со повеќе компании за да развијат нови технологии.

Агенцијата веќе следниот месец ќе побара нови предлози од заинтересираните страни. Клучниот тест ќе се случи во 2016, кога ќе ланисра пробна мисија со која ќе се бара начин како да им се вдише нов живот на антените.

Дарпа бара антената да биде од исклучен сателит кој допрва ќе се определува, и досега агенцијата направи листа со околу 140 пенизонираи сателити од кои треба да избере за првиот тест.

Идејата е да се лансира роботска машина опремена со алатка, која ќе се спои со нефункционален сателити за да го растури на делови. Планот исто содржи и посебно лансирање на мини сателити.

Роботската машина потоа ќе ги поврзе мини сателитите и деловите од старите сателити, за да создаде нов комуникациски систем. Концептот е во основа обид да се изведе роботска операција во нулта гравитација.

Од Дарпа велат дека еден од начините да се намалат трошоците за мини сателитите е тие да се исзпратат до слободниот простор со помош на комерцијални ракети.

Астрофизичарот Џонатан Мекдауел од Универзитетот Харвард, кој ги следи лансирањата на сателитите од земјата во вселената, го нарече ова „интересна идеја“ со која на долг рок многу ќе се намалат трошоците.

Ова ќе се изведе за првпат и дефинитвно ќе биде поскапо отколку само да се изгради нова антена на нов сателит“, рече тој. Но на долг рок, сето ова може да функционира.

Д-р Мекдауел рече дека најголемиот предизвик во претстојниот пробен тест е одделувањето на антената од пензионираните сателити, без истата да биде скршена, и потоа нејзино успешно интегрирање со мини сателитите.

Дарпа: Историја на ексцентричните идеи

Дарпа се користи за финансирање на истражувања на синото небо, и за неколку проекти кои полека стануваат реалност.

Во 2011, таа обезбеди први средства за почеток на обидот во следниот век да се префлуваат луѓе со ракети до ѕвездите, во проектот познат како „стогодишна програма за вселенски бродови“.

Многу пред Гугл да ги тестира автомобилите кои возат сами, Дарпа беше спонзор на роботска трка во која автономни возила дизајнирани на универзитетите, итаа кон целната линија без помош од луѓе.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата