Ранетите борци на Азов заробени во челичарницата молат за помош

Од:

Борците на Азов објавија фотографии од челичарницата Азовстал, на кои се гледаат тешките услови во кои моментално живеат, заробени и ранети под земја во Мариупол, пишува Гардиран. Азовскиот полк вчера беа објавени низа фотографии на кои се бара помош од меѓународната заедница.

„Целиот цивилизиран свет мора да ги види условите во кои се наоѓаат ранетите, осакатените бранители на Мариупол и да дејствува!Во сосема нехигиенски услови, со отворени рани завиткани во нестерилни остатоци од завои, без потребните лекови, па дури и храна# – се вели во објавата.

Ги повикуваме ОН и Црвениот крст да покажат хуманост и да ги потврдат основните принципи врз кои се создадени. Спасете ги ранетите! Војниците што ги гледате на фотографиите и стотици други во фабриката Азовстал ја бранеа Украина и целиот цивилизиран свет по цена на сопственото здравје и живот. Дали Украина и светската заедница сега не можат да ги заштитат и да се грижат за нив?“, пишува во текстот објавен зааедно со фотографиите.

Се бара „итна евакуација на ранетите војници на териториите под контрола на Украина“, каде што може да им се обезбеди соодветна грижа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски