Рама во првото обраќање во ОБСЕ како претседавач: Приоритет на претседавањето на Албанија ќе биде дијалогот

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама во својот прв говор во Виена, како претседавач на ОБСЕ, оценил дека ова е извонреден историски момент за неговата земја.

Тој додал дека промената на Албанија без присуство на ОБСЕ ќе била невозможна и изрази благодарност за напорите на организацијата.

„Во овој изворенен историски момент за мојата земја, која пред 45 години, кога беше основана организацијата за безбедност и соработка (ОБСЕ) беше навистина Северна Кореја во Европа, општество изолирано на тврдоглав начин и разгорено од омразата кон слободниот свет. Албанија беше единствената европска држава која не само што одби да биде дел од ОБСЕ, туку и го осуди нејзиното создавање во времето на само-создавање како израз на морална дегенерација. Сакам да нагласам дека едно е кристално јасно, дека ако погледнам наназад и се обидам да го замислам патувањето на Албанија кон промени, без присуство на ОБСЕ, тоа би било невозможно“, рекол Рама.

Рама се заблагодарил на сестраната подршка за неговата земја и честа да биде претседавач, додавајќи дека приоритет на претседавањето на Албанија ќе биде дијалогот.

„Ние ќе дадеме приоритет на политичкиот дијалог меѓу лидерите. Ќе се бориме заедно со Алијансата за подобар свет. Ќе имаме во предвид се што ќе кажете, внимателно ќе слушаме какви било сугестии“, рече премиерот Рама, кој е и министер за Европа и надворешни работи.

Преку статус на Фејсбук реагираше и овластениот министер за Европа и надворешн работи, Гент Цакај.

„Албанија ќе претседава со ОБСЕ ангажирајќи се за реално спроведување на нашите принципи и обезбедување на сеопфатен пристап за соработка во рамките на организацијата“, напиша Цакај.

Исто така, тој уверува дека Албанија ќе биде целосно посветена на промовирање на безбедноста и правата на повеќе од една милијарда луѓе во 57-те земји членки.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он