„Рајанер“ ќе ја тужи Велика Британија за рестриктивните мерки за патувања

Од:

Ирската авиокомпанија „Рајанер“ ќе ја тужи Велика Британија поради системот „семафор“ за меѓународно патување, со надеж дека ќе ги принуди властите да ги ублажат строгите ограничувачки мерки наметнати заради Ковид-19.

„Рајанер“ се здружи со групацијата аеродроми во Манчестер (Manchester Airports Group- МАG), а тужбата денеска треба да биде поднесена до Високиот суд во Англија, барајќи појаснување за транспарентноста на системот, соопшти МАГ.

И другите авиокомпании се очекува да се приклучат на тужбата.

Неколку недели пред пикот на летната туристичка сезона, кога се бележат најголемите приходи, овој сектор е загрижен дека може да изгуби уште едно лето поради блокадите од британската Влада, што значи повеќе загуби на работни места и средства.

Авиокомпаниите постојано го критикуваа владиниот систем „семафор“ за меѓународни дестинации, тврдејќи дека е непредвидлив и не се темели на наука.

Британските власти од мај, по повеќемесечниот општ карантин, дозволија патувања, но обесхрабруваат посетите на популарните дестинации, како што се Шпанија, Франција, Грција, САД или Хрватска, класифицирајќи ги со жолто во својот систем.

Оваа боја значи дека при враќањето во Велика Британија, патниците мора да минат 10 дена во карантин и неколку пати да бидат тестирани за Ковид-19. Само неколку земји се обележани со зелено, а меѓу нив нема членки на Европската унија.

Авиокомпаниите затоа ја повикуваат владата појасно да објасни како донесува одлуки за категоризацијата на земјите поради „драматичното“ влијание што го имаат врз авионскиот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он