Раб: Преговарачите на Велика Британија и ЕУ се приближуваат до решение

Од:

Преговарачите на Велика Британија и Европската унија „се приближуваат до изводливо решение“ во преговорите за Брегзит, изјави денеска британскиот секретар за Брегзит Доминик Раб по телефонскиот разговор со главниот европски преговарач Мишел Барние.

– Иако постојат одделни важни разлики кои треба да ги решиме, јасно е дека нашите тимови работат на решенија кои се можни во рамки на договорот за повлекување и имаат продуктивни разговори во добар дух за идните односи, изјави Раб.

– Гледајќи нанапред, се согласивме да ја разгледаме состојбата по неформалниот состанок на шефови на држави или влади на ЕУ во Салзбург следниот четврток и ја повторивме нашата подготвеност да го вложиме неопходното време и енергија за да ги доведеме овие преговори до успешен крај, изјави Раб.

Би можело да ве интересира

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори