Раб на средба со лидери во Северна Ирска, не е постигнат напредок за границата

Од:

Британскиот министер за Брегзит Доминик Раб разговараше со претставници на различни политички опции во Северна Ирска, но не е постигнат напредок кога станува збор за решавање на прашањето на ирската граница по излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

На состанокот присуствувале лидерите на пробританската Демократска унионистичка партија и на ирските националисти Шин Фејн.

Лондон и Брисел се согласуваат дека по Брегзит не треба да постојат царински пунктови или бариери кои би го отежнувале животот и работењето на граѓаните од двете страни на границата, но засега нема согласност како тоа да се гарантира.

Брисел предложи Северна Ирска да остане во царинска унија со ЕУ, но Демократската унионистичка партија не го прифаќа тој пристап, бидејќи значи воспоставување царински и други контролни пунктови меѓу Северна Ирска и остатокот од Обединетото Кралство.

Раб вели дека Британија сака „непречена трговија со ЕУ“, но и „да го сочува внатрешниот пазар во Обединетото Кралство“.

– Ова не е избор помеѓу две работи. Ние сакаме да ги сочуваме и двете, рече Раб.

Од друга страна, лидерката на Шин Фејн, Мери-Лу Мекдоналд го обвини Раб дека не бара решение и предупреди дека Брегзит може да и наштети на северноирската економија, а потенцијално и на мировните договори.

Британија треба да ја напушти Унијата на 29 март, но прашањето за границата ги спречува Лондон и Брисел да постигнат договор.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ