Путин: Западот живее според правилата што си ги измисли, ги ингорира интересите на Русија

Од:

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, изјави дека по распадот на СССР, Западот сакал да постигне геополитичка доминација над Русија.

– На Русија ѝ стана јасно дека нема да биде почитувана сè додека не се прогласи за суверена држава способна да ја брани својата иднина – рече Путин во делови од интервјуто за ТВ Канал Русија кои досега не се објавени, пренесува РИА Новости.

Рускиот лидер рече дека по распадот на СССР, Западот одлучил да „живее според правилата што ги измислил за себе“, игнорирајќи ги интересите на Русија.

– Имајќи предвид дека Советскиот Сојуз престана да постои, тие претпоставуваа дека Русија ќе стане дел од таканаречениот цивилизиран свет. Западот одлучи: кога нема Советски Сојуз, зошто да следиме некои правила кон Русија, која нема потенцијална моќ што ја имаше Советскиот Сојуз. Сега ќе живееме според правилата што ги измисливме за себе, игнорирајќи ги интересите на Русија – рече Путин, зборувајќи за противречностите меѓу Западот и Русија.

Тој посочи дека идеологијата е важна во појавата на противречностите меѓу Западот и Русија, но дека овие противречности главно се засноваат на геополитички интереси.

Би можело да ве интересира

Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последиците од пандемија

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

„Њујорк тајмс“: Подарок за Путин од Вашингтон – Трамп и Рубио најавија повлекување од преговорите за Украина

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран