Путин: Западните сили создаваат хаос во Сирија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска остро го критикуваше ставот на западните сили кон Сирија. “Нашите западни партнери едноставно не знаат кога да запрат. Веќе создадоа хаос во многу региони, но и понатаму продолжуваат со истата политика, вклучувајќи ја сега и Сирија”, изјави Путин, во разговор со новинарите за време на посетата на регионот Ryazan, околу 200 км југоисточно од Москва.

„Нашата позиција е да се поддржи секаква промена кон подобро во сите држави. Но, нема да ги наметнуваме – Особено не со сила – нашите верувања, туку сакаме да се стимулира внатрешниот дијалог. предупредивме дека мора да се дејствува претпазливо, бидејќи секое наметнување на сила ќе создаде хаос, И што гледаме денес..? Гледаме многу хаотична состојба “, заклучува рускиот претседател, пренесува новинската агенција РИА Новости.

Подеднакво остра критика денес изнесе и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, како дел од уште еден од серијата состаноци за Сирија во Советот за безбедност. “Земјите кои ги поддржуваат противниците на Асад да се откажат од примирјето, дијалогот и да бараат капитулација на режимот, се одговорни за континуираното крвопролевање. Таквиот пристап не е реален и со него се поддржува тероризмот што го спроведува опозицијата”, истакна Сергеј Лавров на денешната седница на Советот за безбедност , пренесува RT.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски