Путин за вакцинацијата против Ковид-19: Принципот на доброволност мора строго да се почитува

Од:

Вакцинацијата против вирусoт треба да биде доброволна, изјави денеска претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, според руските медиуми.

Путин додаде дека неопходно е во целост да се информираат луѓето за важноста на вакцинацијата и процесот да мине што е можно поедноставно,

„Дали да се вакцинираат или не, тоа е личен избор на секоја личност, но исто така е огромна одговорност на секоја личност за сопственото здравје и здравјето на своите најблиски“, рече Путин на состанокот за епидемиолошката состојба во Русија.

„Се разбира, принципот на доброволност мора строго да се почитува“, истакна тој.

Претседателот изјави дека е неопходно да се информираат луѓето за важноста на вакцинацијата против грип и вирусни респираторни инфекции, да се зборува за тоа кога и во која здравствена установа може да се изврши бесплатно, по можност без да се чека во ред.

Рускиот лидер рече дека најважно е да се заштитат животот и здравјето на руските граѓани и дека надлежните мора да тргнат од таа логика.

„Затоа, ние мора да постапуваме многу внимателно почитувајќи ги сите барања и правила во оваа област. Довербата во вакцината мора да биде апсолутна“, прецизира Путин и додаде дека понатамошните одлуки за вакцинација против коронавирусот ќе бидат носени во согласност со етичките стандарди за заштита на здравјето на луѓето.

Во Русија 17 научни институти моментно развиваат 26 варијанти на вакцина против коронавирусот, според државните медиуми.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“