Путин: Врските меѓу Русија и Белорусија се силни и покрај надворешните притисоци

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денес, по повод Денот на независноста на Белорусија, изјави дека врските меѓу двете земји се силни како и секогаш и покрај сериозните надворешни закани и предизвици.

„Важно е денес, во услови на сериозни надворешни закани и предизвици, братските врски и меѓусебната солидарност што ги поврзуваат нашите земји да останат силни како и претходно“, се вели во честитката на Путин до белорускиот лидер Александар Лукашенко, пренесува РИА Новости.

Путин нагласи дека двете земји заедно ќе ги надминат сите тешкотии и ќе ги зајакнат продуктивните билатерални врски во интерес на стабилноста и безбедноста, а во исто време му посака на Лукашенко здравје и успех, а на целиот народ на Белорусија среќа и просперитет.

Би можело да ве интересира

Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последиците од пандемија

Најмалку 32 лица се повредени во напади со беспилотни летала врз регионот Лавов

САД објаснија како Русија ги надмудрила во Иран

Горан Наумовски

Лавров: „САД се подготвени за државни удари, апсења или убиства на странски шефови на држави“

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

Голем напредок во помирувањето меѓу Белорусија и Литванија