Путин во последен момент го откажал состанокот со шефот на ЦИА: „Го промашил местото“

Од:

Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на 25 август допатувал во Москва на состанок со рускиот претседател Владимир Путин, но средбата во последен момент била откажана. Според извор близок до Кремљ, кој зборувал за независниот руски медиум „Агентство“, Путин се откажал откако дознал за вистинската причина за посетата на Ретклиф.

Американскиот разузнавачки директор во Москва се сретнал со шефот на руската Служба за надворешно разузнавање (СВР), Сергеј Наришкин, и со директорот на Федералната служба за безбедност (ФСБ), Александар Бортников. Според информациите, Ретклиф на руското раководство му пренел порака дека треба што поскоро да се постигне прекин на војната во Украина.

Неговата проценка била дека воената и економската состојба на Русија се влошува и дека за Кремљ е подобро да постигне договор сега, отколку да чека дополнително слабеење на својата позиција.

Информациите од една од средбите, според изворот на „Агентство“, стигнале до Путин, по што рускиот претседател го откажал претходно договорениот состанок со Ретклиф. Според истиот извор, Путин претходно целосно го ослободил распоредот за средбата.

„Њујорк тајмс“ објави дека Ретклиф на Бортников му ја презентирал својата „мрачна проценка“ за руската позиција во војната и повикал на мировни преговори. Изворот на „Агентство“ ја опишал пораката на директорот на ЦИА како да „Володимир Зеленски веќе стои на ридот Поклонаја и со двоглед гледа кон Кремљ“.

„Сите разбираат дека тоа не е така. Се чини дека Ретклиф ја промашил адресата“, коментирал изворот, додавајќи дека останува нејасно дали ставот на директорот на ЦИА ја одразува и официјалната позиција на Белата куќа.

Посетата на Ретклиф во Москва не беше јавно најавена и се одржа во тајност. Таа претставува прва посета на шеф на американска разузнавачка агенција на Русија од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Кремљ официјално потврди дека Путин не се сретнал со Ретклиф, но соопшти дека американскиот функционер разговарал со претставници на руските разузнавачки служби.

Западните медиуми наведуваат неколку можни причини за тајната посета – од поттикнување мировни преговори и предупредување до Москва да не напаѓа земји членки на НАТО, до барање Русија да ја намали соработката со Иран.

Американскиот портал „Аксиос“ објави и дека Ретклиф предложил трилатерална средба меѓу претседателите на САД, Русија и Украина. Од Кремљ одговориле дека таква средба е можна, но само со цел „финализирање на договорот“.

Би можело да ве интересира

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Водечките ТВ мрежи, меѓу кои и Fox News, престанаа да го следат Трамп во знак на поддршка за CNN

Евтината енергија е единствениот спас: АфД и Путин договараат средба

(ВИДЕО) Путин има порака за Европа: Оставете не да живееме мирно, инаку ќе реагираме

ВИДЕО: Путин гласаше онлајн на руските избори, снимката стана хит

Полскиот премиер изнесе досега непозната бројка за украинските загуби: „Ова се рекорди“