Путин утврди доктрина за информациска безбедност на Русија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин утврди доктрина за информациска безбедност во земјата, јави ТАСС.

Путин потпиша соодветен указ, кој беше објавен на рускиот официјален сајт за правни информации.

– Оваа доктрина претставува систем од официјални ставови за обезбедување на националната безбедност на Руската федерација во информациската сфера, стои во документот.

Во текстот се предупредува дека серија земји ги зголемуваат нивните можности за влијание врз руската информациска инфраструктура и ги засилуваат дејствијата за техничко разузнавање во руските државни органи, научно организации и претпријатија со обранбено-индустриски карактер.

Тоа е еден од основните негативни фактори, кој влијае на статусот на информациската безбедност во Русија, се наведува во доктрината.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски