Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Украина продолжува да добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа, и покрај војната.

-Од нас добиваат пари за транзит, колку и да звучи чудно. А ретко кој зборува за тоа, изјави Путин во интервју за телевизијата „Русија 1“.

Путин потсети дека едната линија од гасоводот минува низ Украина, а дека другиот крак за Германија е затворен од украинската страна.

Путин изјави дека има и рута за снабдување со гас преку Полска.

Рускиот претседател нагласи дека Европејците мора сами да одлучат дали им е потребен руски гас и дека, како што наведе, Русија ќе се снајде во секој случај, објави агенцијата Интерфакс.

Путин истакна дека се зависи само од одлуката на германската влада.

Путин истакна дека индустриското производство сега се сели од Европа во други земји, вклучително и во САД, каде што се создадени поповолни услови, а изворите на енергија се поевтини.

Би можело да ве интересира

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини