Путин: Треба да го користиме нашето историско писмо – кирилица, а не мешавина од латиница и други симболи

Од:

На состанокот на Советот за државна политика, Путин зборуваше за претстојниот Ден на рускиот јазик, кој се слави на роденденот на поетот Александар Пушкин.

Од суштинско значење е да се заштити рускиот јазик од вулгарни и механички странски зборови кои не го збогатуваат, туку, напротив, го загадуваат и го нарушуваат нашиот јазик, рече Путин.

„И на јавните простори треба да се користи нашето историско писмо – кирилица, а не мешавина од латински и други симболи“, нагласи рускиот лидер.

Путин го опиша рускиот јазик како „еден од најживописните, најбогатите и најизразните јазици во светот, кој ги обединува мултинационалните луѓе на Русија, ги одразува руските духовни и морални традиции, култура и идентитет“.

Покрај низата мерки за поддршка на рускиот јазик и култура, Путин предложи и воведување нов празник, „Ден на јазиците на народите на Русија“. Ќе се слави на 8 септември секоја година, на роденденот на поетот Расул Гамзатов, автор на легендарната поема „Жеравите“. Гамзатов пишувал на аварски јазик, но неговите дела добиле светска слава на руски јазик, истакна Путин, додавајќи дека писателот и поет ги сметал двата јазика за свои мајчини, пренесува „Спутник“.

Би можело да ве интересира

Руте: Рускиот народ треба да знае дека војната ја уништува Русија

Горан Наумовски

Зеленски: Путин не е во затвор, тоа е најголемиот компромис досега

ВИДЕО: „БДП на Русија моментално е околу 2 трилиони евра. БДП на Европската Унија е речиси десет пати поголем. И сепак Европа не е десет пати посилна од Русија“

Катерина Ѓуровски

Путин не остапува: Средба со Зеленски само во Москва

Нов руски напад врз Киев, погодени неколку згради

(ВИДЕО) Убиен е обезбедувач од Универзитетот во Анапа кој спречи масакр, во оружениот инцидент има повредени