Путин: Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја и дека секој конвенционален напад врз Русија поддржан од која било нуклеарна сила ќе се смета за заеднички напад.

На состанокот на Советот за безбедност за нуклеарно одвраќање, Путин предложи да се воведат бројни појаснувања во врска со условите за руска употреба на нуклеарно оружје, пренесе РИА Новости.

„На денешната агенда имаме прашање поврзано со ажурирање на основите на државната политика во областа на нуклеарното одвраќање, заедно со воената доктрина, ова е документ во кој официјално е дефинирана и детално елаборирана нуклеарната стратегија на Русија“, нагласи Путин.

Би можело да ве интересира

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Лидерите на Русија и Украина со јасни пораки за човекот кој жестоко ја критикуваше војната во Украина

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Кремљ: Путин ќе одлучи дали ќе ја нападне украинската енергетска инфраструктура

Песков: Очекувањата за средбата Путин-Трамп се големи, но работите се покомпликувани