Путин: Русија ќе зајакнува токму онака како што сакаше Борис Елцин

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека е уверен дека Русија ќе се развива и зајакнува онака како што сакаше Борис Елцин, првиот претседател на Руската Федерација.

-Се сеќавам на зборовите на Елцин кои цела земја ги знае – ’Грижете се за Русија’, рече Путин на церемонијата на отворање на новиот претседателски центар на Елцин во Екатеринбург, на Урал.

„Тие зборови се упатени кон секого од нас, сегашните и идните генерации“, истакна Путин.

Елцин сакаше Русија да стане моќна, просперитетна и среќна земја, наведе Путин, додавајќи дека било потребно да се надминат многу проблеми за да се оствари оваа цел, пренесе ТАСС.

-Ќе ги решиме сите актуелни проблеми. Русија ќе зајакнува и ќе се развива со напор, труд и талентот на нашиот народ, кој е лојален кон татковината, порача рускиот претседател.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни