Путин: Русија би сакала Бајден да добие втор мандат на претстојните избори

Од:

Претседателот Владимир Путин рече дека Русија би сакала, иако не се согласуваат со неговата политика, Џо Бајден да добие втор мандат на претстојните избори.

Путин го опиша Бајден како поискусен и попредвидлив од Доналд Трамп. Тоа е првпат Путин да зборува за американските избори, каде сигурно повторно ќе бидат кандидати Бајден и Трамп.

„Бајден, тој е поискусен, попредвидлив, тој е политичар од старата гарда. Но, ние ќе работиме со секој американски лидер кому американскиот народ му верува“, одговори Путин во интервју за руската државна телевизија на прашањето кој кандидат би бил подобрaр за Русија.

АП пишува дека не е јасно зошто Путин изјавил дека Бајден е подобар кандидат за Москва.

На предизборниот митинг, Трамп рече дека изјавата е „голем комплимент“.

Трамп и Путин често се пофалуваа меѓусебно во минатото, а американските разузнавачки агенции тврдеа дека Москва била вмешана во кампањата за претседателските избори во 2016 година во корист на Трамп.

Двајцата ги негираа обвинувањата. Сепак, Путин ја критикуваше политиката на Белата куќа кон Русија, опишувајќи ја како погрешна.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски