Путин: Рано е да се зборува за воена интервенција на Русија против ИД

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е многу рано да се зборува за воена интервенција на Русија во Сирија во борбата против организацијата „Исламска држава“.

На прашањето за евентуално вклучување на Русија во војна против ИД, рускиот претседател одговори дека се разгледуваат разни варијанти, но дека тоа не е во програмата.

– Премногу е рано да се каже дали сме подготвени да го направиме тоа. Обезбедуваме сериозна помош за Сирија во форма на воена опрема и обука на војници, како и вооружување, изјави Путин на маргините на економски форум во Владивосток.

Рускиот претседател не даде повеќе детали за нивото и условите во кои се прави воената обука, ниту пак дали во Сирија има руски воени инструктори.

Путин нагласи дека американските воздушни напади врз позиции на радикалната исламистичка група не се особено ефикасни.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски