Путин потпиша суспензија на Спогодбата за плутониум со САД

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот за суспензија на Спогодбата за плутониум со САД, објавено е денеска на интернет страницата на претседателството.

Тој закон Советот на Федерацијата на Русија го усвои на 26 октомври на предлог на рускиот претседател.

Меѓу причините за суспензија на спогодбата се зголемување на воената инфраструктура и бројот на војската на САД во НАТО, непријателската политика која Вашингтон ја води кон Москва, „законот магнитскогџ “сите воведени антируски санкции.

Москва, исто така, бара САД на Русија да и ја надомести материјалната штета предизвикана од санкциите и контрасанкциите, како и тоа Вашингтон да престави јасен план за уништување на вишокот плутониум согласно претходно потпишаната Спогодба.

Оваа спогодба беше потпишана во Москва на 29 август 2000 година, а во Вашингтон на 1 септември 2000 година.

Спогодбата, со сите измени, стапи во сила на 13 јули 2011 година, откако ја ратификуваше руската федерација.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски