Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за простување на долгот на воените регрути кои ќе се пријават да се борат во Украина, објави руската влада. Законот предвидува простување на долгот до 10 милиони рубљи (95.835 долари) за секој што ќе потпише договор со Министерството за одбрана и ќе се согласи да оди во Украина за период од најмалку една година, почнувајќи од 1 декември.

Законот се однесува на сите потенцијални регрути против кои е започнато извршување пред 1 декември.

Русија го охрабруваше регрутирањето на војската нудејќи доста големи суми пари, во некои случаи и повеќекратни од просечната плата. Оваа тактика и овозможи на армијата да ги зголеми своите воени сили, избегнувајќи уште еден круг на општа мобилизација што во септември 2022 година предизвика масовен егзодус на населението од Русија.

Податоците на централната банка покажуваат дека Русите позајмуваат повеќе откако Кремљ нареди десетици илјади војници да се борат во Украина во 2022 година, дури и откако централната банка ја зголеми основната каматна стапка на 21 отсто во октомври.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски