Путин: Пандемијата предизвика длабока криза, но Русија има одговор

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот во земјата е длабока, со мноштво негативни импликации за граѓаните.

– Длабочината на кризата се покажа како сериозна, со големи негативни импликации за граѓаните, рече денеска Путин на состанокот посветен на федералниот буџет за 2021 година и плановите за периодот 2022 и 2023 година, јави ТАСС.

Сепак, рускиот лидер изрази задоволство од одговорот руските власти на кризата.

– Не беше без проблеми, ниту беа пречки, но главно ги погодивме вистинските точки, вклучувајќи директни средства за семејствата со деца, зголемување на бенифициите за невработените, отпишување давачки, зголемен број нарачки за фирмите во клучните индустрии и цел сет други мерки, потенцираше Путин.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он