Путин: Односите со САД се лоши, но поради Трамп има светлина на крајот од тунелот

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го коментираше состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, нарекувајќи го „значаен и искрен“.

– Што се однесува до нашите односи со Соединетите Американски Држави, тие се на исклучително ниско ниво, ова го кажав многу пати, но со доаѓањето на претседателот Трамп, мислам дека конечно почна да се појавува светлина на крајот од тунелот, рече Путин.

Путин додаде дека контактите меѓу Москва и Вашингтон продолжуваат на ниво на министерства и компании, а првите чекори што треба да се преземат треба да бидат почеток на целосно обновување на односите.

„Планираме да го одржиме ова темпо на работа, но резултатот зависи првенствено од западните партнери“, нагласи рускиот претседател.

Путин, исто така, ги пофали лидерските квалитети на Трамп, истакнувајќи дека ги гледа како „добра гаранција за обновување на руско-американските односи“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници