Путин објави дека руската вакцина за Ковид-19 е регистрирана, неговата ќерка веќе ја примила

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ја регистрирала првата вакцина против коронавирусот.

– Утрово за првпат во светот е регистрирана вакцина против коронавирусот, рече Путин на средбата со членовите на Владата.

Рускиот претседател, кој додаде дека една од неговите ќерки веќе ја примила новата вакцина, изрази надеж дека со време ќе се појават повеќе вакцини против коронавирусот.

Путин нагласи дека вакцината ги поминала сите потребни тестови и дека се покажала како ефикасна, и дека нуди траен имунитет против вирусот. Сепак, научници и во Русија и во странство се огласија со став дека е прерано да почне да се користи вакцината пред студиите од фазата 3, која обично трае повеќе месеци и вклучува илјадници луѓе.

 

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Кремљ: Путин ќе одлучи дали ќе ја нападне украинската енергетска инфраструктура

Песков: Очекувањата за средбата Путин-Трамп се големи, но работите се покомпликувани

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Таткото на Илон Маск: Би било глупаво да не му се восхитуваме на Путин

А1он

Кремљ: Путин и Трамп веќе нема да разговараат по телефон