Путин: Ние не организиравме државен удар во Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не го организирала крвавиот државен удар во 2014 година во Киев и дека била принудена да реагира и да одговори на она што се случувало во Украина.

„Ние не организиравме државен удар во Украина. Цело време ни велеа дека се потребни избори и демократија. Беше извршен државен удар – и тоа е тоа, како да требаше да биде така – крвав државен удар“, рече шефот на државата на состанокот со претставници на руските бизнис кругови.

Покрај тоа, Путин истакна дека по државниот удар на киевскиот режим во Украина, дошло до прогон на мирните граѓани на Донбас и нивно уништување.

„Тие едноставно нè принудија да го правиме она што го правиме сега и се обидуваат да нè сметаат за одговорни“, нагласи претседателот.

Путин, исто така, по повод Денот на претприемништвото, за време на средбата со руските претприемачи, истакна дека во тешки услови, во текот на изминатите две години, руската економија растеше со забрзано темпо

Би можело да ве интересира

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски

Дронови ја погодија Одеса: Повредени лица и оштетени десетици објекти

Стуб: ЕУ ќе мора да ги признае територијалните отстапки на Украина кон Русија