Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не знае дали во блиска иднина ќе се состане со американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи оти е важно за Москва и за Вашингтон да ги нормализираат односите.
-Не знам дали ќе дојде до тој состанок или не, рече Путин на годишната прес-конференција.
Тој додаде дека повеќе пати повторил оти Русија е подготвена за таков состанок.
Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон на почетокот на месецот истакна дека состанокот меѓу Трамп и Путин нема да се случи додека Русија ги држи украинските бродови и екипажот, кои ги заплени во близина на Крим.