Путин: Не туркаат кон црвената линија, ќе мора да одговориме

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија изјави дека воено-политичката ситуација во светот останува тешка и нестабилна, дека „Западот ја турка Русија на црвената линија“ и дека Москва не може, а да не одговори на тоа.

Путин рече дека крвопролевањето продолжува на Блискиот Исток и дека САД продолжуваат да ја поттикнуваат ескалацијата на конфликтот во Украина со испраќање оружје, пари и платеници.

Путин посочи дека сегашната американска администрација и колективниот Запад не се откажуваат од обидите да ја задржат доминацијата во светот, како и дека земјите-членки на НАТО ги зголемуваат буџетите за одбрана, пренесе РИА Новости.

Тој исто така предупреди дека НАТО го зголемува своето присуство во азиско-пацифичкиот регион со распоредување ракетни системи, наведувајќи дека Русија ќе одговори на ризиците поврзани со потенцијалното распоредување на американски ракети во тој регион.

– САД го плашат своето население со митски изјави дека Русија наводно планира да нападне некого – рече Путин.

Според него, Русија е принудена да преземе дополнителни безбедносни мерки, но тоа го прави внимателно, како и опремувањето на руската армија и морнарица со модерно оружје се одвива со забрзано темпо.

Путин посочи дека Русија посветува сериозно внимание на зголемување на потенцијалот на своите вооружени сили, како и на продолжување на прогресивниот и систематски развој на армијата и морнарицата.

Тој истакна дека руските трупи цврсто ја држат стратешката иницијатива долж линијата на украинскиот фронт и дека оваа година презеле контрола над 189 украински населби.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск