Путин не блефира за нуклеарното оружје вели Борел

Од:

Европската унија мора сериозно да ги сфати заканите на Владимир Путин дека може да користи нуклеарно оружје во конфликтот во Украина изјави за Би-би-си Жозеп Борел кој додава дека војната достигнала „опасен момент“.

Неговите забелешки доаѓаат откако Русија почна делумна мобилизација и се движи кон анексија на четири региони на Украина.

Путин се соочи со неуспеси на бојното поле, при што неговите сили беа потиснати во украинската контраофанзива.

„Секако, тоа е опасен момент бидејќи руската армија е турната во ќош, а реакцијата на Путин – заканата со употреба на нуклеарно оружје – е многу лоша“, рече Борел.

Седум месеци од почетокот на руската инвазија на Украина, аналитичарите се согласуваат дека силите на Путин се во лоша позиција, но Борел вели дека мора да се постигне „дипломатско решение“, кое „го зачувува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.

„Во спротивно, можеме да ја завршиме војната, но нема да имаме мир, а ќе имаме уште една војна“, рече тој.

Во реткото обраќање до нацијата претходно оваа недела, Путин рече дека неговата земја има „различно оружје за уништување“ и дека „ќе ги искористи сите средства што ни се достапни“, додавајќи: „Не блефирам“.

„Кога луѓето велат дека тоа не е блеф, мора да ги сфатите сериозно“, рече Борел.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ