Путин нареди масовна вакцинација во Русија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин нареди до крајот на следната недела да почне масовно вакцинирање против Ковид-19.

Први со руската вакцина „Спутник V“ предвидено е да се вакцинираат здравствените работници и учителите.

Руската фармацевтска индустрија е подготвена за масовно вакцинирање, бидејќи во следните денови бројот на произведени дози вакцина ќе достигне до два милиона, истакна Путин.

Вакцината „Спутник V“, што ја произведува Научно-истражувачкиот институт „Гамалеја“ на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравство во Русија и стана прва регистрирана вакцина против новиот коронавирус во светот.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он