Путин на средба со папата Франциск во Ватикан

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со папата Франциск, само еден ден пред католичките лидери од Украина да допатуваат во Ватикан на разговори за кризата во нивната земја и откако излегоа тврдења дека неговата посета на Светата столица може да биде вовед во возвратна посета на папата на Русија, јавија западните медиуми.

Путин, кој претходно веќе два пати се сретна со папата Франциск, во Ватикан пристигна на почетокот на 10-часовната посета на Италија во текот на која ќе разговара и со италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Неговиот црн автомобил во Ватикан пристигна со задоцнување од 50 минути. Западните медиуми потсетуваат дека тој исто така доцнеше 50 минути и при неговата прва средба со папата во 2013 година, а повеќе од еден час на втората средба во 2015 година.

Главна тема на разговорите меѓу Ватикан и Русија во папската библиотека во ватиканската Апостолска палата треба да биде Украина.

Би можело да ве интересира

Келог: Украина може да се подели како Берлин по Втората светска војна

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности