А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Путин му се доверил на Трамп: Спречивме терористички напади пред Денот на победата на 9 мај

by А1он20/05/2025 - 14:251807
Share0

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на американскиот претседател Доналд Трамп дека руските безбедносни служби спречиле терористички напади во Кремљ и Црвениот плоштад кратко пред Денот на победата на 9 мај. Овие тврдења ги објави рускиот пропаганден медиум ТАСС, повикувајќи се на изјава на советникот на Путин, Јуриј Ушаков.

Добивај вести на вибер

Според Путин, заканата од терористички напади била откриена и спречена ноќта меѓу 6 и 7 мај. Тој исто така истакна дека Украина истата ноќ испалила 524 дронови и ракети „Сторм Шедоу“ кон Русија. Според ТАСС, Путин му рекол и на Трамп дека имало обиди за „заплашување на лидерите“ кои пристигнале во Москва на 9 мај за да го прослават Денот на победата.

По вчерашниот разговор со Путин, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Украина и Русија веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот. Но, според „Фајненшл тајмс“, европските лидери со кои Трамп разговарал откако го повикал рускиот претседател биле изненадени од начинот на кој американскиот претседател ги опишал резултатите од разговорите.

putintramp

Би можело да ве интересира

Трамп верува дека во Иран се случила промена на режимот

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:36

Трамп: Иран ќе биде целосно уништен ако не попушти, НАТО не прави ништо

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:25

Иран: Трамп се обидува да купи време

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:25

Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазднички напади доколку е погоден енергетскиот сектор на Иран

Горан Наумовски23/03/2026 - 09:27

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 10:22

Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 09:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен