Путин му порача на Оланд да биде пољубезен и ја откажа посетата на Париз

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин ја откажа посетата на Париз откако прво францускиот министер за надворешни работи изјави дека Русија е на страната на терористите, а потоа и францускиот претседател го кажа истото со реторички прашања дали воопшто е потребна средба со Путин.

-Сето тоа звучеше премногу безобразно, токму поради тоа што иситот тој Оланд пред шест месеци лично го повика Путин да го посети Париз. И истиот тој Оланд пред една година по терористичките напади побрза во Москва да бара помош против тероризмот, напиша аналитичарот Дмитриј Смирнов.

По изјавите, Кремљ реагираше веднаш: Путин ја откажува средбата во Париз, а Дмитиј Песков објасни: „Од самиот почеток Путин кажа дека е подготвен да го посети Париз кога тоа ќе биде погодно време за претседателот Оланд. Ќе го почекаме тоа погодно време“.

Кремљ упати молба до официјален Париз да биде пољубезен и да не носи на својот грб претежок товар.

-Оланд кој долго време ги градеше руско-француските односи одлучи со едно неспретно движење да уништи се поради некои интереси кои не се очигледни. Можеме да претпоставиме дека САД, шест месеци пред изборите за претседател на Франција го потсетиле на чија страна треба да застане. Сега на нешто го потсети и Кремљ, па Оланд нема многу простор за маневрирање, реагираат од Москва.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина