Путин му одговори на Трамп: Ако го положат оружјето и се предадат, ќе им се гарантира живот и достоинствен третман

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска, одговарајќи на повикот на американскиот претседател Доналд Трамп да ги поштеди животите на украинските војници, рече дека за тоа е потребна наредба од украинското раководство до армијата да го положат оружјето и да се предадат.

„Во таа насока, би сакал да нагласам дека доколку го положат оружјето и се предадат, ќе им се гарантира живот и достоинствен третман во согласност со нормите на меѓународното право и законите на Руската Федерација“, рече Путин.

Путин истакна дека „украинските милитанти извршиле бројни злосторства против цивилното население на Русија“, но дека ги цени напорите на администрацијата на Трамп за нормализирање на односите со Москва, пренесува РИА Новости.

„Новата администрација, предводена од претседателот Трамп, прави сè за да врати барем дел од она што беше практично сведено на нула, што беше уништено од претходната американска администрација“, рече тој.

Претходно денеска Трамп рече дека имал многу добри и продуктивни разговори со неговиот руски колега Владимир Путин и дека има добри шанси војната во Украина да заврши.

„Постои многу добри шанси оваа ужасна, крвава војна конечно да заврши, но во моментов илјадници украински војници се целосно опкружени од руската војска и се во исклучително тешка и ранлива ситуација“, рече Трамп на Truth Social.

Тој рече дека побарал од рускиот претседател да ги поштеди животите на украинските војници.

„Тоа би бил ужасен масакр, каков што немаме видено од Втората светска војна. Господ нека им е на помош“, рече Трамп.

Путин и Трамп разговараа телефонски во четвртокот.

Би можело да ве интересира

Трамп донесе одлука во врска со Венецуела

Епштајн: Среќавав некои многу лоши луѓе, никој не е толку лош како Трамп

Би-Би-Си му се извини на Трамп, тужбата ја отфрла

Паника во Белата куќа: Трамп повикa две конгресменки за да спречи објавување на документите за Епштајн

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп го потпиша законот, заврши најдолгата блокада на владата на САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп се закани на Би-Би-Си со тужба од милијарда долари, ќе ја повлече ако ги исполнат неговите три барања

Катерина Ѓуровски