Путин: Можеби некои источноевропски земји размислуваат за напуштање на ЕУ

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено и некои источноевропски земји можеби да размислуваат за излегување од Европската унија, во следните неколку години.

Путин ова го кажа пред учесниците на инвестицискиот форум „Русија повикува“ и потсети дека внатрешната неусогласеност во ЕУ почнала заради системот на распределба на фондовите што предвидува значајна подршка во износ од неколку десетици милијарди евра да им се пружи на „земјите кои се уште не достигнале одредено ниво на економски развој“, пренесе Тасс.

„Некаде околу 2028 година одделни источноевропски земји ќе достигнат такво ниво на економски развој заради што ќе мора да плаќаат. Не сум сигурен дека тогаш нема да ги повторат размислувањата на Велика Британија (за напуштање на ЕУ), рече Путин.

Би можело да ве интересира

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски