Путин: Мора да е повеќе, многу повеќе – знаете за што зборувам

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин повика на зголемување на производството на беспилотни летала откако посочи дека нивната употреба се покажала ефикасна во војувањето.

На средбата со генералниот директор на корпорацијата Ростек, Сергеј Чемезов, тој повика на зголемување на бројот на најсовремени оружја што ги произведува државната корпорација.

„Потребно е да се зголеми процентот на производство на најновите видови оружје“, рече Путин.

Токму на тоа работиме“, посочи Чемезов.

Путин нагласи дека, меѓу другото, се работи за летала.

„Знаете за што зборувам: за Lancets (дронови) итн. Производителите ми ветија дека ќе го зголемат производството. Тие го исполнуваат ветувањето, но треба да се зголемат многу повеќе“, објасни шефот на руската држава.

Според Чемезов, 90 отсто од руската воена опрема што учествува во специјалната воена операција е произведена во фабриките „Ростеха“, пренесува Спутник.

Би можело да ве интересира

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците

Украина прифати 30 дневен прекин на огнот

ВИДЕО: Најголем украински напад со дронови, таргетирана и Москва

Клучен состанок САД-Украина во Саудиска Арабија

ВИДЕО: Украина нападна една од најголемите руски рафинерии

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски