Путин, Меркел и Оланд за заедничка борба против тероризмот

Од:

Лидерите на Русија, Германија и Франција, Владимир Путин, Ангела Меркел и Франсоа Оланд, денеска договорија да ја засилат размената на информации во борбата против тероризмот, соопшти прес службата на Кремљ.

Во телефонски разговор тие заклучиле дека е важно да се засили соработката за ова прашање, пренесе ТАСС.

„Сите страни ја истакнаа важноста од засилување на соработката во борбата против тероризмот, што се случува во сите три земји и се согласија да ја подобрат размената на информации“, се наведува во соопштението.

До разговор дојде еден ден по терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург во кој животот го загубија 14 лица, а над 50 се ранети.

Би можело да ве интересира

Путин: Не создаваме воен сојуз со Кина

Данилов: Кремљ ја зеде Белорусија како нуклеарен заложник

Путин: Ќе се открие вистината за експлозиите на гасоводите „Северен тек“.

Путин: Русија ќе стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија

Горан Наумовски

Лажна е фотографијата на која Путин е клекнат пред кинескиот претседател

Предраг Петровиќ

Унгарија нема да го уапси Путин ако влезе во земјата

Катерина Павлова-Николовска