Путин, Меркел и Оланд за заедничка борба против тероризмот

Од:

Лидерите на Русија, Германија и Франција, Владимир Путин, Ангела Меркел и Франсоа Оланд, денеска договорија да ја засилат размената на информации во борбата против тероризмот, соопшти прес службата на Кремљ.

Во телефонски разговор тие заклучиле дека е важно да се засили соработката за ова прашање, пренесе ТАСС.

„Сите страни ја истакнаа важноста од засилување на соработката во борбата против тероризмот, што се случува во сите три земји и се согласија да ја подобрат размената на информации“, се наведува во соопштението.

До разговор дојде еден ден по терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург во кој животот го загубија 14 лица, а над 50 се ранети.

Би можело да ве интересира

Таткото на Илон Маск: Би било глупаво да не му се восхитуваме на Путин

А1он

Кремљ: Путин и Трамп веќе нема да разговараат по телефон

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски