Путин: Климатските промени не ги предизвикува човекот

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека промената на климата е незапирлив процес, но дека не е предизвикана од човечка активност.

На Арктичкиот самит во Архангелск, Путин, исто така, ги повика државите да се прилагодат на глобалното затоплување.

Еден ден по посетата на архипелагот Земјата на Фрањо Јосиф, во арктичкиот круг, Путин изјави дека со децении веќе има топење на глечерите и тврди дека човештвото не е предизвикувач на глобалното затоплување, наведуваат француските медиуми.

-Затоплувањето почна уште во 1930-тите години. Тогаш се уште немало такви антрополошки фактори, такви емисии на гасови, а затоплувањето веќе беше почнало, рече Путин.

Според него, не станува збор за запирање на глобалното затоплување, бидејќи тоа е невозможно, туку тоа може да биде во врска со некои глобални циклуси на Земјата, или дури со нешто од планетарно значење.

– Станува збор за тоа некако да се прилагодиме на овој процес, рече Путин.

Тој претходно го поздрави глобалното топење што овозможува експлоатации на природните ресурси и создавање нови транспортни маршрути.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски