Путин: Ќе се погрижам нуклеарниот арсенал да биде подготвен за борба

Од:

Руски медиуми вчера објавија „важен говор“ на рускиот претседател Владимир Путин на средбата со министерот за одбрана и воените команданти. Путин сега го одржа тој говор и вети дека Русија ќе ги „исполни сите цели на специјалната воена операција“ во Украина, а руските војници и воени команданти ги нарече „херои“.

На годишниот состанок на шефовите на одбранбените оддели и воените команданти во Москва, Путин рече дека „НАТО ги користи сите свои способности против Русија“ и ги повика воените команданти да „го користат искуството стекнато за време на борбите во Сирија и за време на специјалната воена операција “ во Украина.

„Сармат наскоро ќе влезе во нуклеарниот арсенал“

Путин најави и „модерно оружје од рускиот нуклеарен арсенал, на кој наскоро ќе бидат додадени и интерконтинентални балистички ракети од типот Сармат“. Рускиот претседател тврди дека „ќе се погрижи рускиот нуклеарен арсенал да биде подготвен за борба“, додавајќи дека „нема финансиски ограничувања за тоа што владата е подготвена да и го даде на војската“.

Тој рече и дека Русија мора да посвети посебно внимание на важноста на беспилотните летала во војната во Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски